Станка Ефремова Трајкоска е ВД директор на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуна“ Крушево.

Ефремова Трајкоска е родена на 14 јули 1984 година во Пробиштип. Основно образование завршува во својот роден град, како и средно на гимназиско математичка струка во 2003-та година. Пет години подоцна, во 2008 година дипломира на Правниот факултет во Скопје.

Во 2013 година Станка Ефрмова Трајкоска положува правосуден испит.

Се вработува во ЈП „Комуна“ Крушево и од 20 октомври 2020 година е ВД директор на претпријатието.

Митко е сопруг и Матеа е ќерка на Станка Ефремова Трајкоска.

ЈП „Комуна“ - Крушево