Од денес ЈП „Комуна“ започнува со уредување на простор околу локациите каде што се поставени контејнери, односно ќе се изградат платформи.
Се започнува од ООУ „Никола Карев“ каде што има поставено еден контејнер, а во текот на денешниот ден ќе се направи платформа и на локацијата кај споменикот на Наум Наумовски Борче, место викано „кај Тагасот“.
Со оваа активност ќе се уредуваат местата каде што има контејнери со цел нивно одржување и обезбедување долготрајност на контејнерите. Исто така, ваквите цементни платформи ќе го направат просторот поуреден.