Започнува чистењето на главната сообраќајница во Крушево

Чистење на улици

Локација: Спомен куќа „Тодор Проески“

Од денес започнува чистењето на главната сообраќајница во град Крушево, активност која доаѓа како редовна по одржувањето на улиците во зимски услови.

„Од денес започнуваме со чистење на главната улица во градот каде што се расфрлаше голема количина на ризла и сол при наносите на снег. Во наредните неколку дена ќе продолжиме, а од петок ќе ни се приклучи ТППЕ Крушево во миење на улиците.“, изјави ВД директорката на „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.

Директорката на „Комуна“ одблиску ја следеше работата на терен затоа што, според неа, чистотата е една од најважните делови на работа на претпријатието.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево