с. Норово
Нов приклучок за вода
Во подрачното училиште на ООУ „Никола Карев“ во с. Норово се врши изведба на нов приклучок со цел обезбедување на редовно водоснабдување на училиштето. Оваа активност ја спроведуваме заедно со основното училиште.
„На барање на ОУ „Никола Карев“ денес работиме во с. Норово за да овозможиме нов приклучок за вода. По овој зафат подрачното училиште ќе има доволно вода и редовно водоснабдување.“, изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.