Плоштад „Никола Мартиноски“
По метењето на улиците, кое започна на почетокот на оваа недела, од денес ЈП „Комуна“ и ТППЕ Крушево вршат миење на улиците. Ова е редовна активност по зимското одржување на улиците.
По големото количество на ризла и сол кои беа исфрлени по улиците по наносите на снег, оваа активност ќе придонесе за почиста главна сообраќајница и повисоко ниво на хигиена во центарот на градот.
„Изминатите денови ги таргетиравме главната сообраќајница и центарот на градот. По првичното метење на улиците, денес заедно со ТППЕ Крушево продолживме со миење. На овој начин обезбедуваме почисти улици и повисоко ниво на хигиена. Но, овие активности ќе бидат почести во иднина затоа што јавната чистота е можеби најважниот дел од нашето работење.“, изјави ВД директорката на „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.