Место „Тухарица“
Расчистување на диви депонии
ЈП „Комуна“ Крушево продолжува со расчистување на диви депонии. Се расчистуваат оние мали диви депонии кои се пристапни и механизацијата на располагање може да пристапи и ефикасно да ја спроведе активноста.
„Со овие активности не запираме, но мора да напоменеме дека ги таргетираме оние диве депонии до кои со механизацијата можеме да пристапиме. Дотолку важно е да ја подигнеме свеста на граѓаните да не ги „создаваат“ овие диви депонии одново. Мора да обезбедиме долгорочни решенија кои нема да не навраќаат постојано да ги чистиме истите локации.“, изјави ВД директорката на „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.