Улицата на Тоше
Тековно уредување
ЈП „Комуна“ Крушево се вклучува во тековно одржување на „Улицата на Тоше“ со цел да се обезбеди долготрајност на овој мал проект произлезен од граѓаните и општината.
„Изминатите денови го чистевме просторот, банерите се повторно поставени и ќе ги следиме временските услови за да продолжиме со уредување на оваа улица. Улицата е еден убав проект на граѓаните во спомен на Тоше Проески, така што ние ќе асистираме и ќе одговараме на барањата со цел да имаме активен придонес во убавиот изглед во овој дел на градот.“, изјави ВД директорката на „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.
Оваа улица е уредена како резултат на граѓанска иницијатива со поддршка на општина Крушево. Целта е да се создаде уште едно место кое ќе потсетува на Тоше Проески, а покрај поставените банери на улицата се засадени дрвца и цветови и 24 часа се емитува музика на познатиот македонски пејач. Оваа улица се уреди во мај 2020 година.