Отпадот да се селектира соодветно во контејнерите, „Комуна“ работи на правилно одлагање

Контејнери

Стакло и пластика

ЈП „Комуна“ работи на реобнова на договорот со Пакомак за селектирање на отпад, а граѓаните правилно да го одлагаат отпадот во контејнерите.

„Комуна“ апелира граѓаните да внимаваат при селектирањето на отпад, односно соодветно да ги користат контејнерите за отпад и за стакло. На тој начин отпадот ќе се селектира правилно и ќе биде откупуван од Пакомак. Следствено на тоа сите граѓани ќе придонесуваат за почиста животна средина.

„Придонесот за чиста животна средина се остварува и преку соодветно, правилно селектирање на отпадот. Ги повикуваме граѓаните контејнерите за пластика, жолти по боја, да ги користат исклучиво за ПЕТ амбалажа, додека контејнерите за стакло, зелени, исклучиво за таа намена за да нема мешање. Имаме одлична соработка со Пакомак и од таа соработка произлегуваат многу позитивни работи од областа на јавната хигиена“, порачува ВД директорката Станка Ефремова Трајкоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево