Контејнерите ќе се заменат со корпи за домаќинства на неколку локации

Замена на контејнери

На одредени локации заради подигнување на нивото на чистота и поефикасно одлагање на отпадот контејнерите ќе се заменат со доделување на корпи по околните домаќинства.

Домаќинствата кои го фрлаат отпадот во контејнер кој ќе биде отстранет ќе добијат корпа и истата таа корпа ќе служи за одлагање на отпадот и одвезување до комунално возило.

„Сакаме да го надминеме проблемот и неубавата слика на неколку локации во градот. Да овозможиме на домаќинствата да не им се собираат големи количини на отпад пред куќите каде што живеат и, истовремено, да доделиме соодветни корпи во кои ќе се собира отпадот се до негово однесување до депонија. Напоменувам дека доделувањето на корпи се однесува само на конкретни локациии и домаќинства каде што ќе се отстрануваат контејнерите. “, изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.

Прва ваква промена ќе се направи во околината на продавницата „Елеана“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево