Одржување на јавен простор
Место: Крушевско Езеро
ЈП „Комуна“ Крушево продолжува со уредување на јавниот простор и одржување на високо ниво на чистота.
Денес службите работеа околу Крушевско Езеро, а ВД директорката на „Комуна“ најавува дека ќе се поставуваат корпи за отпад во овој дел.
„Продолжуваме со тековно одржување. Собирање отпад, расчистување од гранки и слично. Како што временските услови се подобруваат, така ќе се зголемува бројот на луѓе кои ќе го користат овој простор за прошетки, па оттука потребата да се овозможи подобро собирање на отпадот и помало загадување. Ќе поставиме канти на патеките околу езерото и постојано ќе ги повикуваме граѓаните заеднички да го одржуваме овој простор чист.“, изјави ВД директорката Станка Ефремова Трајкоска