Мечкин Камен да го одржуваме чист со исфрлање на отпад во контејнерите

Мечкин Камен

Почитувани сограѓани,

Следува период на топло и сончево време што како граѓани ќе не’ поттикне да ги посетуваме излетничките места во Крушево. Едно од тие места е Мечкин Камен каде што ќе се зголемува посетеноста на граѓани на Крушево, но и од други градови. За да се обезбеди високо ниво на чистота и заштита на животната средина „Комуна“ веќе постави неколку нови контејнери на Мечкин камен и собраниот отпад редовно го одлага на депонија. Динамиката на собирање на отпадот ќе биде во зависност од потребите и тековната состојба.

Апелираме до граѓаните да ги користат овие контејнери при напуштањето на местото. Отпадот да се фрла во поставените контејнери и местата да се оставаат чисти. Само заеднички можеме да ги заштитиме излетничките места и, генерално, целиот град за да живееме во чиста и здрава животна средина.

Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево