Граѓаните кои добија корпи во вторник и петок да ги изнесуваат пред домовите за собирање на отпадот

Почитувани,

ЈП „Комуна“ Крушево ги известува сите граѓани на кои им беа доделени корпи за домаќинства, а беа отстранети контејнерите во кои што го одлагаа отпадот, собирањето на отпад ќе се врши два пати неделно. За таа цел, неопходно е граѓаните да ги изнесуваат корпите пред своите домови во вторник и петок кога отпадот ќе биде подигнат од соодветно комунално возило.

Оваа активност засега се спроведе на два дела од главната сообраќајница и опфатени се граѓаните кои го одлагаа отпадот во, сега, веќе отстранетите контејнери.

Како што известиме во претходната објава, оваа активност се прави со цел да се подигне нивото на јавна чистота и да се овозможи поефикасно собирање на отпадот.

Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево