Успешен Генералка викенд

Генералка викенд

Дел од собраниот отпад

Петочната акција за собирање на отпад беше навистина успешна и ЈП „Комуна“ Крушево апелира исчистените локации со заеднички придонес да ги зачуваме такви.

„Акцијата во рамки на Генералка викенд се покажа како една успешна активност и драго ми е што покрај логистички во активноста се приклучивме како администрација во заедничко чистење. Сакам да се заблагодарам на организаторите , а според количината на собраниот отпад оваа акција за чистење е исклучително успешна. Да продолжиме да бидеме одговорни и да ја зачуваме нашата средина“, изјави ВД директорката на „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.

Генералка викенд е проект имплементиран од организација „Мен анд маунтин“ (Man and Mountain) со поддршка од ЕУ за тебе, Витаминка, Пакомак и други.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево