Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуна“ Крушево веќе е на терен и работи на детектирање на диви приклучоци на вода. Овој процес веќе тече во населените места каде што водата од дивите приклучоци се користи за наводнување и како последица на тоа домаќинствата се соочуваат со недостаток на вода.
Овој процес ќе продолжи и во градот, а „Комуна“ апелира граѓаните да ги легализираат дивите приклучоци. Претпријатието нема да презема чекори предвидени со соодветни законски процеси и затоа апелира граѓаните самоиницијативно да ги легализираат приклучоците.