„Комуна“ продолжува со работа на проектот за осветлување на патот до Крушевско Езеро. Подготвителните активности продолжуваат и во наредните денови, а ВД директорката Станка Ефремова Трајкоска беше на увид на терен.
„Покрај работата на одржување на улици и косење во градот работиме и на подготвителни активности за осветлување на патот до Крушевско Езеро. Драго ми е што како претпријатие сме вклучени во овој проект затоа што се работи за едно од најпопуларните места во нашиот град.“, изјави ВД директорката на „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.