„Комуна“ ги зголемува приходите, се намалува долгот, поголема ефикасност

Кварталниот извештај за првите три месеци покажува позитивни резултати во работењето на „Комуна“. Долговите се намалуваат, приходите се зголемуваат и загубата бележи надолен тренд, со самото тоа.

Приходите од вода се зголемуваат и во градот и во населените места со различно ниво на покачување. Во овој дел е важно што детектирањето на диви приклучоци и активната кампања за разумно користење на водата вродува со плод. Вкупното зголемување изнесува 9 проценти.

Приходите по основ на чистота, паркинг и други услуги исто така бележат пораст, додека благо намалување во приходите се забележува кај гробишта, канализација и услугите во пазарот. Без оглед на благиот пад во наведените сектори процентот на севкупните приходи во овој дел се зголемува и тој изнесува околу 10 проценти во споредба со истиот квартал минатата година.

Трошоците по неколку основи на ЈП „Комуна“ Крушево се намалуваат, а неколку ставки покажуваат на домаќинско функционирање и менаџирање со претпријатието. Вкупното намалување на трошоците изнесува нешто над 5 проценти, а подолу ќе се осврнеме на деловите кои бележат најголем пад.

Трошоците за гориво бележат пад од над 40 проценти. Транспортните услуги се намалени за 100 отсто, а расходите за камати се намалени за околу 80 проценти.

Се забележувама намалување на репрезентацијата, дневници и трошоци за сите инвентар.

Кварталниот извештај можете да го погледнете на следниот линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево