Изградба на потпорен ѕид
Локација: Главна сообраќајница
Од денеска „Комуна“ започна со работа на уште еден дел од главната сообраќајница за изградба на потпорен ѕид. ВД директорката Станка Ефремова Трајкоска при увидот порача дека со оваа активност и на овој дел од улицата ќе се осигура безбедност.
„Претходно направивме потпорен ѕид на истата улица, а од денес започнуваме овде. Со изградба на ѕидот патот ќе биде безбеден за движење и одржлив на долг рок. Заедно со асфалтирањето сметам дека конечно оваа проодна улица ќе доликува како што треба.“, изјави Ефремова Трајкоска.