Од денес отпадот ќе се собира попладне и навечер

Почитувани,

Од денеска „Комуна“ започнува со новото т.н. „летно“ работно време и отпадот ќе се собира од 14 часот до вечерните часови.

Апелираме граѓаните да го одлагаат отпадот по 14 часот со цел сите заеднички да придонесеме за почиста животна средина и поефикасно менаџирање со отпадот.

Според новото работно време кое важи во месеците јули и август отпадот ќе се собира од 14 до 21 и 30 часот во деновите од понеделник до петок, а во сабота од 15 до 20 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево