Соопштение за угостителите од центарот на Крушево

Почитувани

Ги известуваме сите сопственици на угостителски објекти во центарот на Крушево отпадот да го исфрлаат во своите корпи или доколку ги исфрлаат во контејнерите тоа да го прават во периодот од 14 до 21 и 30 часот, односно да се прилагодат на новото работно време за собирање отпад на „Комуна“.

Ова известување е во насока на апел кон угостителите за контејнерите поставени во центарот на Крушево и околината на истите да бидат чисти, а да се обезбеди поефикасно собирање на отпадот.

Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево