Комуна со позитивни резултати, зголемени приходи, намалени трошоци

Комуна

И вториот квартал од 2021 година покажува позитивни трендови во финансиското работење на ЈП „Комуна“ Крушево. Трошоците се намалуваат, а приходите за услугите се зголемуваат. Истовремено, „Комуна“ ги унапредува своите услуги, но и контролните механизми што резултираат со овие позитивни резултати.

Споредбено со првите шест месеци од минатата година наплатата на вода се зголемува и во градот и во населените места. Зголемена е наплатата и кај индустријата и претпријатијата, исто така.

Приходите од чистота, паркинг и канализација се зголемуваат што е уште еден позитивен тренд во работата на „Комуна“ и обезбедувањето на квалитетни услуги за граѓаните.

Кога се зборува за трошоците особено важно е што трошоците за електрична енергија забележуваат пад од над 180 000 денари. Потоа, се намалуваат трошоците за гориво, а за дневници за службени патувања и репрезентација имаме неколкукратно намалување. Расходите по однос на камати се намалуваат за 4 пати.

Генерално земено вкупните приходи бележат голем раст, а расходите остануваат без малку на исто ниво. Позитивните трендови во работата на претпријатието продолжуваат и во вториот квартал од годината и во првите шест месеци од годината.

Погледнете го целосниот извештај за првите шест месеци на следниот линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево