Контејнери
Ул. Киро Фетак
„Комуна“ го продолжува процесот на отстранување на контејнери и нивна замена со корпи за домаќинства.
Оваа активност Комуна ја започна уште пред неколку месеци после проценките дека просторот околу контејнерите често пати е нечист. Како поефикасно решение за складирање и собирање на отпадот е преку корпи кои претпријатието ги доделува на домаќинства кои претходно ги користеле овие места за фрлање на отпад.
„Проценивме дека многу поефикасно е да ги отстраниме контејнерите поставени на јавни места и домаќинствата да ги снабдиме со корпи кои членовите на семејствата ќе ги изнесуваат во предвидените термини за собирање на ѓубре. Сакам граѓаните да знаат дека не располагаме со голем број на корпи. Се трудиме да обезбедиме донации и во рамки на нашите можности да набавиме. Затоа замолувам за трпение во овој процес“, вели ВД директорката на ЈП „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.
Оваа активност дополнително беше поттикната и како барање на граѓаните за поголема чистота на јавните површини.