Уредување и нови содржини во дворот на горното школо

Расчистување

Локација: Двор на горна училишна зграда

На иницијатива на „Комуна“ се уредува дворот на горната училишна зграда „Никола Карев“, а ќе бидат поставени и содржини за младите.

„Ова место во минатото беше место за спортски активности и исполнето со деца и млади. Тука го слушавме детскиот џагор и местото живееше. Сакаме повторно да го заживееме и да создадеме повеќе содржини за децата и младите и места за седење и дружба на родители и генерално повозрасните луѓе.“, изјави ВД директорката на претпријатието Станка Ефремова Трајкоска.

По расчистувањето на просторот ќе бидат поставени спортски содржини и клупи кои ќе го разубават ова место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево