Бројни активности на Комуна – ул. Питу Гули, водоводна мрежа, паркинг

Изминатата работна седмица, 22-ри до 26-ти, „Комуна“ работеше активно на проектот за реконструкција на дел од ул. Питу Гули. Овој проект го имплементира општина Крушево, но претпријатието е еднаков партнер во проектот заради потребите кои се јавуваат.

Најпрво се изврши промена на водоводна цевка, а потоа се реконструираа приклучоци до домаќинства од овој дел на градот. „Комуна“ ќе продолжи да асистира се до конечно завршување на овој проект.

Редовните активности на „Комуна“ продолжија и покрај големиот ангажман на погоренаведениот проект. Се работеше на дефект на водоводната мрежа кој беше решен за многу брзо. Потоа, службите работеа и на тековно одржување на паркингот во центарот на градот, со што паркирањето е поорганизирано и побезбедно.

Кога се работи за водоснабдувањето претпријатието ги извести граѓаните дека благодарение на асистенцијата од страна на ЈП ХС Злетовица од Пробиштип се детектираа неколку дефеци и загуба на вода од 300 метри кубни. Овој дефект беше саниран, загубите во овој дел повеќе не постојат, а водоснабдувањето на домаќинствата, особено кон Струнга маало, е во нормален тек. Претходно, граѓаните од наведеното маало се жалеа на слаб притисок и недостаток од вода во текот на денот.

Исто така, ЈП „Комуна“ Крушево ги извести граѓаните дека сите проблеми околу водоснабдувањето да ги пријавуваат на соодветните контакти со цел подобра комуникација и побрзо надминување на проблемите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево