Работиме на посолување и попесочување, во согласност со нашите ресурси

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека од рано утрово започнавме со посолување и попесочување на улици, пристапи и јавен простор со цел безбедно движење. Голем број на повици и информации доаѓаат до нас, но ги известуваме граѓаните дека сме на терен и ќе ги покриеме сите улици, повторно водејќи се според Програмата за организирање и функционирање на зимско одржување на улици и општински патишта на подрачјето на општина Крушево за сезоната 2021/2022.

„Свесни сме за потребите за кои не известуваат граѓаните, но со ресурсите со кои располагаме, механизација и човечки ресурси, го даваме максимумот. Работиме и ќе успееме да си ја завршиме нашата работа. Се заблагодарувам на граѓаните за разбирањето и трпението.“, изјави ВД директорката на „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.

Според погоре наведената Програма сопствениците на претпријатија се должни да преземат мерки за чистење на снегот и голомразицата пред своите објект.

„Граѓани односно сопственици, преземаат мерки за чистење на снегот од покривите ,терасите при што се води сметка за безбедноста на минувачите, надворешните инсталации и сообраќај. Исчистениот снег се собира пред зградите и објектите на начин што обезбедува непречен сообраќај.“, стои во Програмата за организирање и функционирање на зимското одржување на улици и општинските патишта на подрачјето на
Општина Крушево за сезоната 2021/2022 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево