Почитувани,
ЈП „Комуна“ Крушево во својата работа се води од економската оправданост за функционирање на претпријатието, препораките на релевантни институции и состојбата на терен. „Комуна“ не може да профитира затоа што е непрофитна институција, а за „грабеж“ не може да се зборува затоа што претпријатието е потранспарентно од било кога.
Да ги адресираме обвинувањето на партијата ВМРО ДПМНЕ ОК Крушево. Не се прави никаков грабеж, како што велат од партијата. Цената на водата се регулира според препораките на Регулаторната комисија и истата се усвојува од Советот на општина Крушево. Исто така, на граѓаните им се наплаќа онолку колку што се потрошило, а наша заложба беше и покрај големите трошоци за струја граѓаните да не останат без вода. Напоменуваме дека претпријатието предложи до советот пониска цена на вода од онаа која Регулаторната комисија ја предлага.
Во однос на обвинувањата за наводно „проневерување на нафта“, дали се води постапка или не тоа останува на истражните органи. „Комуна“ работи отворено, чесно и отчетно, а доколку забележува наводи за криминал или злоупотреба веднаш ги информира службите задолжени за спроведување на законот.Сите наводи партијата да ги достави до ОВР Крушево за истите да бидат истражени. Во спротивно да не се користат вакви јавни испади за придобивање на политички поени преку манипулација на граѓаните.
Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево
*Соопштението е објавено на социјалните мрежи на 15.02.2022. Заради технички проблеми соопштението се објавува подоцна на официјалната интернет страница на ЈП „Комуна“ Крушево.