Ќе се поставува заштита на контејнерите, да се оневозможи растурање на отпад

ЈП „Комуна“ Крушево ќе ги заштитува контејнерите со поставување конструкција која ќе оневозможи растурање на отпадот и ефикасно складирање на истиот.

Во тек е изработка на железна конструкција и за почеток ќе се заштитат неколку контејнери, особено онаму каде што се забележува најмногу расфрлање. Расфрлањето најчесто се предизвикува од кучиња.

„Реално имаме проблем со отпадот од контејнерите кој се растура околу се до негово собирање од страна на комунално возило. Со ваквите конструкции очекуваме да се оневозможи расфрлање кое обично доаѓа од кучиња.“, изјави ВД директорката на „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.

Подолу можете да погледнете како ќе изгледаа заштитата околу металните контејнери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево