Утрово ЈП „Комуна“ Крушево продолжува со посолување и расчистување на пристапни патеки до објекти од витално значење.
Денес ќе се работи главно со тракторот на посолување и расчистување на потесните улички во градот. Истовремено, од рано утрово вработените започнаа со расчистување на снегот до банки, УЈП, пензионерскиот дом и други слични институции и објекти и со тоа обезбедувајќи пристап до истите.
„Вчера работевме постојано за да обезбедиме чисти улици и непречено функционирање, а секако улиците да бидат проодни за да може непречено да започне работната недела. Продолжуваме и денес главно со посолување и оспособување на пристапни патеки.“, изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.
За зимско одржување на улиците „Комуна“ се води од Програмата за организирање и функционирање на зимското одржување на улици и општинските патишта на подрачјето на опшина Крушево која е достапна на следниот линк.
Сите информации, барања и поплаки доставувајте ги преку 048 477 169 komunakrusevo@yahoo.com Во порака на Фејсбук страницата на ЈП Комуна Крушево