„Комуна“ и граѓаните – заедно за ефикасно справување со снегот

Почитувани граѓани,

Според временската прогноза во текот на викендот се очекуваат нови врнежи од снег во Крушево. Со цел да обезбедиме поефикасно чистење на улиците Ве повикуваме за сите информации, барања и поплаки да се јавувате на следните телефонски броеви:

075/201334
078/837842

За истата намена може да се користи и Фејсбук страницата на „Комуна“, односно директното испраќање на порака.

Истовремено, апелираме да се имаат во предвид ресурсите со кои располага „Комуна“ и програмата за зимско одржување на улиците која е главна водилка во работата.

Соработката помеѓу „Комуна“ и граѓаните е важна за секој аспект од работењето на претпријатието и услугите кон граѓаните, а особено во овој период кога зимата трае и постојано имаме врнежи од снег.

Напоменуваме дека овие контакти важат само за овој викенд. Во спротивно важат контактите кои ги споделуваме при секоја објава поврзана со зимското одржување на улиците.

Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево
03.03.2022

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево