ЈП „Комуна“ Крушево денес, 07.03.2022, продолжува со расчистување на улиците од снег. Во вечерните часови ќе се работи и на посолување на улиците.
Во текот на викендот „Комуна“ на терен се справуваше со новите снежни врнежи кои достигнаа 58 центиметри, според Управата за хидрометеоролошки работи. Се расчистуваа главната улица, се започна расчистување на помалите улиците во градот, а беше пробиен и патот кон с. Пуста Река.