„Комуна и граѓаните“ за подобро справување со снегот

Почитувани граѓани на град Крушево,

Во активностите за чистење на снегот од улиците неопходна е соработката и поддршката од граѓаните. Таа соработка од една страна значи информирање за расчистување на улици и пријава за одреден пропуст на „Комуна. Овој начин на комуникација може да се остварува преку:

Тел: 048 477 169
Електронска пошта: komunakrusevo@yahoo.com
Социјални мрежи: Во порака на Фејсбук страницата на ЈП Комуна Крушево

Од друга страна, пак, граѓаните да се подготвуваат за снегот со тоа што ќе ги отстрануваат своите возила од места каде што би било тешко да се употребат по врнежите и да ги паркираат на поголемите паркинзи во градот. Овој чекор од страна на граѓаните е особено важен во вакви услови кога Крушево има и до 70 центиметри снег.

Овие преПопораки се особено важни затоа што покрај зимското одржување на улиците „Комуна“ ги извршува сите свои останати редовни работи.

Работата на „Комуна“ се сведува на мотото „Комуна“ и граѓаните“ што алудира на заедништво и постојана соработка. Таквата соработка ќе донесе подобри резултати, не само во делот на зимското одржување на улиците, туку и во остварувањето на сите надлежности на претпријатието за комунални дејности.

Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево
09.03.2022

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево