Тешки и опасни услови за чистење на снегот, апелираме на соработка и разбирање

Почитувани,

Денес службите на „Комуна“ со две возила, ровокопач и трактор со плуг за снег и соларка, работеа на неколку тешко пристапни и тесни улици на расчистување на снег и одговор на барања и пријави на граѓани.

Ваква состојба беше затекната на дел од улиците Манчу Матак и Благој Целев и во дел од Струнга маало. Тесните улици, големите количини на снег и паркираните автомобили беа причини снегот да се чисти со големи потешкотии, а теренот да биде исклучително небезбеден. Тука ги потенцираме деловите од чешмата на улица Манчу Матак се до поврзување на улицата со Благој Целев и од зградите до чешмата Струнга.

Во текот на вчерашниот ден, 09.03.2022, добивме пријави и поплаки од граѓани кои најмногу се однесуваа на неисчистени улици во маало Струнга. Сакаме да ги известиме овие граѓани дека пристапот за механизацијата на ЈП „Комуна“ Крушево е крајно небезбеден и нашите возачи заедно со вработени во претпријатието на терен се соочија со опасности кои можеа да доведат до оштетување на механизацијата и до повреди на лицата присутни на терен. Исто така, на овие неколку локации беше исклучително тешко да се чистат улиците со премногу паркирани возила и големи количини на снег.

Меѓу другото, целта на оваа активност беше и да се обезбеди пристап до контејнери со цел денес во попладневните часови да се одведе насобраниот отпад. Напоменуваме дека пристапот на неколку локации може да биде отежнат и ги оневозможи службите да го одведат отпадот.

Во пресрет на викендот, ЈП „Комуна“ Крушево ќе работи на оспособување на паркинг. За таа цел апелираме до граѓаните наутро да ги отстранат своите возила од местото „Гумење“ за да може во текот на утрешниот ден да се обезбеди поголем паркинг. Овој апел се однесува на краткотрајно отстранување на автомобилите и другите возила.

Почитувани сограѓани,

Наша заложба е целосно да одговориме на Вашите потреби и да ги исполнуваме Вашите очекувања. Затоа, Ве повикуваме да бидете во постојана комуникација со нас и да не информирате за сите проблеми од наша надлежност, но и да осработувате од аспект на отстранување на Вашите возила на поголеми места за паркинг.

Дополнително, покрај на Ваша соработка апелираме и на Ваше разбирање за нашите можности во справувањето со снегот. Условите на терен земајте ги секогаш во предвид кога ја оценувате нашата работа.

Продолжуваме со работа – „Комуна и граѓаните“.

Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево
10.03.2022

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево