Собирањето на отпадот отежнато, апелираме на разбирање

Почитувани сограѓани,

Во услови на големи количини на снег по улиците на град Крушево работата на останатите наши редовни обврски како јавната хигиена е значително усложнета.

Претходно известивме дека работиме на пристап и на расчистување на просторот околу поставените контејнери со цел да се одведе насобраниот отпад. Но, при вчерашните и денешни активности за празнење на контејнерите и одведување на отпадот се соочуваме со дополнителни потешкотии. Заради количини на вода од растопен снег контејнерите не можат да се подигнат од камионот за отпад и истите се расчистуваат рачно. Тоа одзема време и значително ја отежнува работата на вработените.

Дополнително, тесните улици и паркираните возила се исто така голем проблем што може да се види од фотографиите подолу.

Заради овие причини повикуваме на разбирање и трпение од страна на граѓаните за собирање на отпадот. Ја разбираме ситуацијата и не само што сликата од преполни контејнери е неубава, туку и одлагањето на отпадот од домаќинствата е уште еден проблем. Денес продолжуваме со работа за да ги надминеме потешкотиите и да одговориме на обврските, но и на вашите барања и истовремено апелираме на соработка од страна на граѓаните.

Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево.
15.03.2022

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево