Управувањето со води ќе се унапредува преку соработка со соседните претпријатија

ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска зеде активно учество во „онлајн“ состанок со Министерството за животна средина и просторно планирање и АДКОМ во рамки на проектот „Понатамошна поддршка во спроведувањето на реформите во секторот води“.

На состанокот директорката истакна дека ЈП „Комуна“ Крушево соработува со комунални претпријатија од регионот, а како што предвидува проектот таа соработка ќе се продлабочи.

„Имаме прашања по однос на идните активности, но „Комуна“ е отворена за имплементација на проектот за да се подобри управувањето со секторот води преку соработка и помош од поголемите комунални претпријатија. Исто така, нашата соработка со АДКОМ е традиционална, така што продолжуваме заедно да работиме.“, порача Ефремова Трајкоска на состанокот.

Состанокот и целиот проект кој ќе се имплементира е дел од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ во рамките на Секторската оперативна програма за животна средина и климатски акции 2014-2020 (ИПА 2).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево