Соработката со граѓаните одлична за чистење на снегот, комуникацијата да продолжи понатаму

Почитувани,

ЈП „Комуна“ Крушево се заблагодарува и е исклучително задоволна од комуникацијата со граѓаните и информациите кои претпријатието ги добиваше од страна на жителите на општина Крушево во однос на чистењето на снегот.

Ваквата соработка сакаме да продолжи во текот на цела година, а ќе се однесува на надлежностите на „Комуна“ како собирање отпад, водовод и канализација, гробишта и наплата. Затоа, ги повикуваме граѓаните на истиот начин како и за зимското одржување на улиците да не’ контактираат, информираат и доставуваат жалби, поплаки и пријави.

Сите информации, барања и поплаки доставувајте ги преку
☎️ 048 477 169
✉️ komunakrusevo@yahoo.com
? Во порака на Фејсбук страницата на ЈП Комуна Крушево

Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево