Неколку од старите контејнери се веќе заменети, а на дел од нив е поставен посебен отвор за попрактично и похигиенско фрлање на отпадот. Посебниот отвор на контејнерот ќе овозможи поефикасно одлагање на отпадот и спречување на расфрлање.
„За граѓаните е поставен посебен отвор, додека службите на стандардниот начин ќе го собираат и транспортираат отпадот. На овој начин граѓаните ќе можат да го фрлат отпадот полесно, похигиенски и генерално попрактично. Се надевам дека со оваа замена на контејнерите ќе се подигне нивото на чистота и ефикасноста во собирањето и транспорт на отпадот.“, изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.
Покрај на главната улица, еден контејнер е заменет кој се наоѓа под зградата на катастарот во Крушево.