Нов контејнер за угостителите, да се спречи натрупување на отпад

Поставен е т.н. мрежест контејнер во центарот на Крушево кој е наменет за угостителите.

Овој контејнер ќе се користи главно од угостителите во центарот на Крушево кој отпадот ќе го фрлаат во вреќи. Корпите за отпад не беа доволни за отпадот кој се произведува и често истиот се расфрлаше. Затоа, покрај корпите овој контејнер се очекува да обезбеди доволен простор за складирање на отпадот се до негово транспортирање до депонија.

„Поставивме уште еден контејнер во центарот на Крушево после комуникацијата со угостителите и увид во состојбата на терен. За време на викендите се собира многу отпад и доделените корпи не се доволни. Со овој т.н. мрежест контејнер очекуваме отпадот складиран во вреќи да обезбеди почиста околина во центарот на Крушево, а да нема преголеми количини до транспортирањето до депонија со комунално возило.“, изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево