Пролетното расчистување на главната сообраќајница започна и вработени во „Комуна“ деновиве ќе бидат ангажирани во чистење на ризла насобрана од зимското одржување на улиците.
„Зимата беше долга и со многу снег и како последица на улиците остана многу ризла од одржувањето. Од денес започнавме со расчистување на главната сообраќајница. Претходно започнавме и во центарот на градот, така што ќе опфатиме добар дел од градот за градот да биде чист од ризла.“, изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.
Од аспект на јавната хигиена „Комуна“ спроведува неколку активности. Најпрво се изврши замена на стари контејнери со нови, се постави посебен отвор за да се спречи растурање на отпад надвор од истите и поставување на мрежест контејнер за складирање на отпадот од угостителите во центарот на Крушево.