Почитувани,
Финансиското работење на ЈП „Комуна“ Крушево се подобрува, а претпријатието никогаш не ги крие проблемите како загуби на вода, преголеми трошоци за струја и друго.
Во посебно соопштение ЈП „Комуна“ информира дека во 2021-ва година приходите за вода се зголемени во споредба со 2020-та. Истовремено, расходите се намалуваат, а неразумни трошења нема.
Само приходите за вода се зголемиле за речиси 1 милион денари минатата година.
На партиските препукувања и обвинувања сакаме да одговориме со тоа што ќе се поставуваат водомери во 2 населени места, а општината е во процес на изнаоѓање средства за набавка на водомори и за град Крушево. Со ова поверодостојно ќе се мери потрошувачката на вода, а загубите ќе се намалуваат.
Исто така, сакаме да потсетиме дека тековните проблеми на „Комуна“ се провлекуваат многу години наназад, а не се создале вчера.
Цената на вода е во согласност со Регулаторна комисија и ние како претпријатие не ја прифативме највисоката препорачана цена. Така што, и тука нема никакви злоупотреби, односно граѓаните плаќаат колку што трошат.
Почитувани,
На седницата на Советот на општина Крушево на која се усвои годишната сметка на претпријатието и советниците од советничката група на ВМРО ДПМНЕ признаа дека финансиското работење на ЈП „Комуна“ Крушево се подобрува, а најголем проблем остануваат трошоците за струја за пумпање на вода од пумпната станица во с. Норово.
Апелираме партиските соопштенија да бидат целосни и да не се манипулира со нецелосни информации и неосновани обвинувања.
Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево
21.04.2022г.