Од утре, 11.05.2022г., започнуваме со косење на трева на градските гробишта. Оваа активност е редовна во период на пролетта.
„Во текот на наредните денови сакаме да почнеме со работа на градските гробишта и пролетното косење да започне токму од таму. Пролетта е веќе во Крушево и потребата за косење се зголемува“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.