Приходите на „Комуна“ се зголемуваат, усвоен финансискиот извештај за првите 3 месеци

ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска присуствуваше на 13-тата седница на советот на општина Крушево на која се усвои финансискиот извештај за првиот квартал од 2022 година.

На прашања на советниците ВД директорката потенцираше дека генерално приходите на претпријатието се зголемуваат, особено кога се работи за наплата на вода.

„Имаме зголемување со истиот период лани. Еве, започнавме и со работа на ископ на шахти и поставување водомери што дополнително ќе ја зголеми наплатата и ќе се обезбеди еднакво водоснабдување за сите домаќинства. Повеќе приходи имаме и во градот, како што имаме во речиси сите населени места“, изјави ВД директорката Ефремова Трајкоска.

Финансискиот извештај можете да го погледнете во делот „Документи“

На седницата се усвоија и предлог-измените на статутот на ЈП „Комуна“ Крушево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево