Оштетен вентил во Алданци, „Комуна“ работи за да продолжи редовното водоснабдување

Во с. Алданци оштетен е вентил на водоводната мрежа со што се доведува во прашање водоснабдувањето на целото населено место. ЈП „Комуна“ Крушево заедно со соодветните служби презема мерки за наоѓање на виновникот за направената штета.

Ова свесно наштетување е на штета на граѓаните од Алданци, а претпријатието работи за брзо да се надмине проблемот и да се спречи прекин на водоснабдувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево