ЈП „Комуна“ Крушево го исчисти просторот околу игралиштата на Гумење и постави нови корпи за отпад.
По акцијата за чистење која се спроведе на почетокот на мај на овој простор се расфрлија многу пластични шишиња и опаковки од прехранбени производи. „Комуна“ постави нови корпи и ги повикува граѓаните, особено младите, да ги користат истите, да не се оштетуваат и да се грижат за игралиштата и околината да бидат чисти.
„Со оваа активност придонесовме за подобра организација на настанот „Вен ин Крушево“ (When in Krusevo), но поважно на нашиот град. Навистина треба сите заедно да се грижиме за чистотата и да ги одржуваме местата каде што најмногу се движиме. Само така ќе имам пријатна средина.“, порака ВД директоркта на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.
Доделени се корпи и на организаторот на фестивалот на отворено „Вен ин Крушево“ кои ќе се користат за време на вечерните концерти дел од настанот.