Водата во Крушево е безбедна за пиење

Водата во Крушево е безбедна за пиење, тоа го потврдува испитувањето од месец јуни 2022-ра година.

Центарот за јавно здравје од Прилеп по спроведените испитувања во јуни потврдува дека во водата во град Крушево не се пронајдени бактерии и истата е безбедна за пиење. Центарот спроведе хемиска и бактериолошка анализа и извештајот е доставен до ЈП „Комуна“ Крушево.

„Повикуваме граѓаните да бидат мирни и да се чувствуваат безбедно кога консумираат вода. Водата е испитана и потврдено е дека е безбедна.“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево по одредени поплаки и сомнежи од граѓани дека водата за пиење не е безбедна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево