Интервенција и поврзување на канализација, решавање долгорочни проблеми

На дел од улицата Партизанска во близина на гробиштата ЈП „Комуна“ работи на интервенција на канализационата мрежа и ќе се изврши поврзување на неколку домаќинства на мрежата.

„Овој процес е исклучително макотрпен и веројатно тоа е причината што никој досега не презел мерки. Во овој дел од градот има и домаќинства кои не се воопшто поврзани на канализациона мрежа. Она што „Комуна“ ќе го направи е ќе ги поврзи овие домаќинства на мрежата по претходна санација на истата.“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.

Во овој дел од градот веќе се санираа два канали, а подготовките за зафатот се во тек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево