„Комуна“ ги испитува гравитационите извори, состојбите ќе покажат дали има загуби на вода

Почитувани,

Од 8-ми август 2022 г. ЈП „Комуна“ Крушево и општина Крушево започнаа со испитување на гравитационите извори. Овој процес опфаќа проверка на состојбата на гравитационите извори, од кои со вода се снабдува град Крушево, детектирање на евентуални загуби на вода и нефункционалност во снабдувањето со вода по овој пат..

Гравитационите извори кои „Комуна“ ги има зафатено се наоѓаат на тешко пристапен терен во Бушева планина и истите ги има во голем број. Заради овие причини очекуваме процесот се уште трае.

Вработени во претпријатието и општина Крушево речиси секојдневно се на терен во испитување на овие околности од водоснабдувањето.

Оваа активност се спроведува во насока на подобрување на водоснабдувањето на град Крушево, особено во летните месеци во сушни периоди. Испитувањето на состојбата на изворите е највисок приоритет на ЈП „Комуна“ во процесот на справување со повремените проблеми во водоснабдување и недостаток од вода за пиење.

Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево
22.08.2022г.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево