Од утрото санирани се два дефекти, а состојбата со водоводната мрежа се испитува и се реагира на пријави на граѓани.
Во текот на вчерашниот ден преку социјалната мрежа „Фејсбук“ известивме за прекин на вода на дел од улиците „Партизанска“, „Питу Гули“ и „Коча Миленку“ поради решавање на голем дефект. Дефектите се разрешуваат утрово и се работи по нови информации од граѓаните.
Службите на ЈП „Комуна“ Крушево се на терен постојано и ги детектираат состојбите за евентуални нови проблеми.