Чистење на канали во Бучин

Со механизација на ЈП „Комуна“ Крушево денес (26.08.2022г.) се чистат канали во населеното место и околината на Бучин.

Во ова населено место чистењето на каналите се спроведува редовно, но по големото невреме пред неколку дена неопходно е чистење на овој предел.

Изминатите денови „Комуна“ работеше паралелно во градот и во селата. Во градот се работеше на неколку големи дефекти на водоводната мрежа, додека во населените места се санираа штетите од невремето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево