Продолжува реконструкцијата на водоводна линија на улица Партизанска. Во период од околу 6 часа, додека се одвиваат активностите, на оваа улица и на Питу Гули и делови од Коча Миленку ќе има прекин на вода.
Реконструкцијата на водоводна линија започна вчера, а целиот процес е започнат како последица на поголеми и чести дефекти кои се јавија изминатион период. ЈП „Комуна“ Крушево заедно со приватен субјект, одговорен за првичната реконструкција на водоводната мрежа во овој дел од градот, работат на што е можно побрзо, но и поквалитетно завршување на работите околу вооводната линија.