Денес, 29.09.2022г., ЈП „Комуна“ Крушево започна со процес на обезбедување вода за викенд населбата „Езеро“.
„Комуна“ денес работи на ископ, а во текот на утрешниот ден ќе се врши поврзување на водоводна линија за целосно водоснабдување на викенд зоната.
„Денес работиме на ископ, а од утре започнуваме со поврзување на линијата. Со ова се обезбедува водоснабдување за викенд зоната. Претходно, „Комуна’ работеше и на канализациона мрежа во “Езеро“, велат од претпријатието.
Истовремено, комуналното претпријатие заедно со приватна фирма како изведувач работат на реконструкција на водоводна линија на улица Партизанска со цел надминување на проблемите како што се честите дефекти.