Вториот квартален извештај за 2022 година покажува зголемување на приходите на ЈП „Комуна“ Крушево и зголемени трошоци за струја како резултат на енергетската криза.
Приходите за вода во град Крушево се зголемени на речиси 3 милиони и двесте илјади денари и процентот на наплата е 93 проценти. Кај населените места, со исклучок на неколку, приходите и процентот на наплата се помали. Затоа, претпријатието повикува на редовно и целосно подмирување на сметките за вода.
„Граѓаните мора да ги плаќаат сметките за вода. Ги разбираме сите потешкотии од финансиски аспект, но и аплеираме разбирање за состојбата на „Комуна“ која мора да ја наплати секоја услуга. Тоа не само што е законска обврска, туку овозможува подобрување на услугите кон граѓаните.“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.
Она што е особено важно во извештајот е дека трошоците за струја се зголемуваат, а уште поголеми трошоци се очекуваат во третиот квартален извештај. Во овој дел од годината трошоците за струја се зголемени повеќе од двојно, а тоа е резултат на покачената цена на струјата и потребите на „Комуна“ за пумпање на вода во однос на издашноста на изворите.
Трошоците се намалуваат по неколку ставки, меѓу кои се услугите за телефон и поштенски услуги, се зголемуваат приходите за водоводни услуги, приходите за чистота, пазар и друго.
Целиот извештај на следниот линк.